Американскиот Стејт департмент оцени дека санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), кои вчера стапија на сила, се можност за Србија да се оттргне од руското влијание и да постигне поголема енергетска независност.
„Во духот на соработката со Србија, ја одложивме примената на санкциите речиси девет месеци. Одржуваме блиски контакти со нашите српски партнери во врска со ова прашање и ја цениме нивната координација со нас. Санкциите се насочени против Русија, а не против Србија. Ја поттикнуваме Србија да преземе чекори кон пронаоѓање решение за превземање на контрола над своите клучни енергетски ресурси. Тоа претставува можност за Србија да посигне поголема енергетска независност и посилна економска иднина“, се наведува во одговорот на Стејт департментот за српската ТВ Нова.
Се наведува и дека отстранувањето на руската контрола на НИС ќе ја зголеми енергетската безбедност на Србија и ќе поттикне инвестиции и просперитет во целиот регион. Во одговорот е назначено дека Соединетите Држави остануваат посветени на партнерството со Србија со цел диверзификација на енергетскиот сектор – што, како што се вели, ќе придонесе за економско зајакнување на Србија.
„Како што рече секретарот Рубио, посветени сме на меѓусебно корисните односи со Србија кои го потткинуваат економсиот раст и се од корист на граѓаните на двете земји. Длабоко ја цениме сличната посветеност на претседателот Вучиќ“, се вели во одговорот на Стејт департментот на прашање во врска со американските санкции кон Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Руската држава е мнозински сопственик на НИС уште од 2008 година. Најголем акционер е руската државна компанија „Гаспром нефт“ која има 44,9 отсто уддели во сопствеништвото, државата Србија поседува 29,9 отсто, а остатокот е во сопственост на мали акционери.
Претседателот Вучиќ претходно изјави дека санкциите ќе имаат сериозни последици по Србија, прецизирајќи дека без нова достава на нафта, рафинеријата на НИС ќе може да работи до 1 ноември, додека резервите на гориво ќе траат до крајот на годината.
НИС се најде на листата на санкции на 10 јануари, поради таканаречен „секундарен ризик“, поврзан со руското мнозинско сопствеништво. Целта на американските мерки е спречување на финансирање на војната во Украина преку приходи од руски енергетски компании.
Вучиќ иронично по барањето Хрватска да ја купи НИС: Ќе понудиме 50 отсто повеќе од секој друг за ХЕП