4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    РУСКИ ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Снег ќе има и во градовите!

    Под влијание на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток се спушта кон нашата Република Македонија, односно истата се спушта од Русија, денес (петок 3 октомври) поради понатамошно нејзино спушање ќе биде уште поладно од вчера и максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе биде најизразен во Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

    Денес (петок 3 октомври) снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1000 метри, па така повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во северните предели од нашата Република Македонија.

    И во Скопскиот регион ќе има повремен дожд а на околните планини и повисоки места ќе провејува повремен снег проследен со засилен ветер од северен правец. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 7 степени.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica