7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Менса Македонија организира тестирање на 1 октомври

    По повод Први октомври, светскиот ден на интелигенцијата, Менса Македонија, во среда, ќе организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, а может да се пријават сите кои имаат полни 16 години, претходно да не се тестирале повеќе од два пати и од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци.
    Цената на тестирањето е 600 денари, а за сите крводарители, ученици и студенти е 300 денари.
    Како што информираат од Менса Македонија, тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција и резултатите се тајни. Доколку резултатот е во горните 2% од светската популација, кандидатот стекнува право да стане член на Менса Македонија, а со тоа и на Менса Интернационал.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica