7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Адвокатот на Левица се сретна со претставници на ОБСЕ во врска со неможноста за рекламирање

    Адвокатот Катерина Јовановска, која е претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР.

    На средбата се дискутирало за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ.

    Со ова ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.

    Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

    Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica