7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Марковски: На Скопје му требаат функционални и безбедни мостови

    На Скопје му требаат функционални и безбедни мостови, кои ќе функционираат и ќе придонесуваат кон растеретување на сообраќајот во главниот град. Ова го изјави денеска професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

    Зборувајќи пред мостот „Љубљанска“, кој е на територија на општина Карпош, а чиј проектант е токму професорот Марковски, тој истакна дека мостот не е пуштен во употреба и не функционира зашто властите се конфронтираат меѓусебно во врска со еден дел од мостот во должина од 5 метри, кој треба да се доврши, но градот и општината ја префрлуваат надлежноста од еден на друг.

    „Мојата визија за Скопје е град со значително поголема безбедност во сообраќајот, каде што ќе се мапираат сите критични точки и ќе се постави поголема сигнализација. Сепак, планираме и дестимулирање на возењето на автомобили. Јавниот транспорт и алтернативните превозни средства мора да станат наше секојдневие“, истакна Марковски.

    Професорот ја започна својата прес – конференција во „5 до 12“, затоа што алармот за Скопје е вклучен.

    Тој ги повика сите граѓани на 19 октомври да гласаат за бројот 128 за градоначалник и 39 за листата советници во Град Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска, со цел да престанат лошите пракси и грубата партизација на градот и јавните претпријатија.

    „Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica