7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Премиерот Мицкоски го нападна обвинителот Коцевски по видео-сторијата на ИРЛ за Кочани

    Премиерот Христијан Мицкоски, одговрајќи на новинарско прашање, денеска ја искористи вчерашната видео-сторија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во однос на пожарот во Кочани во кој загинаа 62 претежно млади лица а 200 беа повредени, за вербално да го нападне обвинителството и јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

    „Случајот го води Јавното обвинителство, Љупчо Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период 12 обвинители беа тие кои работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од неговата работа – не сум задоволен и тоа е причина зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа, тоа е друго прашање. Секој кој има било каква поврзаност со тој случај, треба да е изведен пред лицето на правдата“, кажа Мицкоски коментирајќи ја видео сторијата на денот на почетокот на изборната кампања за локалните избори.

    Инаку, ИРЛ во видео-сторијата со наслов „Кочани – нашиот морален компромис“, открива досега необјавени документи и комуникации меѓу сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани со инспектори од Управата за јавни приходи, полицијата и Државниот пазарен инспекторат. Во текот на истражувањето се појавил „свиркач“ кој на новинарите им доставил докази за комуникација меѓу сопствениците на „Пулс“ и инспекторите. Тие, како што се тврди, комуницирале без страв дека ќе остават траги кои подоцна ќе бидат употребени против нив. Меѓу инспекторите кои не се опфатени со обвинението, според ИРЛ, вклучен е и инспекторот Драган Паунов, кој е брат на претседателката на Кривичниот суд во Скопје, Даниела Димовска. Токму Кривичниот суд во Скопје ќе го води предметот за Кочани, а Димовска која по потекло е од овој град, се поврзува со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    „Исходот по 6 месеци, од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, е 35 обвинети граѓани и 3 фирми, судење кое никако не може да започне, партии кои не сакаат да расправаат за системските проблеми, пратеници кои во името на верноста кон лидерот ги запоставуваат своите должности кон избирачите, и на крај 13 обвинители кои работеле на случајот, но намерно или не, пропуштиле да видат одредени докази за одредени луѓе“, се наведува во сторијата на ИРЛ.

    По објавената сторија, реагираше Јавното обвинителство, од каде што, пак, тврдат дека сите наведени докази Јавното обвинителство ги има предвид и по нив постапува и врши проверки. Оттаму тврдат дека во ниту еден момент од ИРЛ не побарале став од обвинителството пред објавата на сторијата.

    „Потврда дека не постои ниту најмала намера овој аспект да се прикрие или да остане неистражен е фактот што презентираната комуникација е дел од извештај на анализирана телефонска комуникација, кој во целост е доставен во Судот како дел од доказниот материјал за поднесеното обвинение. Јавното обвинителство апелира за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат натамошната постапка, како и постапката за оцена на поднесеното обвинение“, наведуваат во Обвинителството.

    Оттаму објаснуваат и дека при поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, јавните обвинители проверки вршеле уште во однос на неколку институции, вклучително и Управата за јавни приходи.

    „Меѓутоа, законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие не беа опфатени со поднесеното обвинение. Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ, не беа предмет на ова обвинение, па проверките во однос на УЈП се вршат во контекст на евентуални коруптивни и други кривични дела на поединци“, се додава во реакцијата од Обвинителството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica