7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Северна Македонија не исполнува стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

    Властите на Северна Македонија вложуваат значителни напори, но земјата сѐ уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Северна Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата со луѓе во светот за 2025 година.

    „Владата ги зголеми целокупните напори за заштита, вклучително и идентификување на повеќе жртви, развивање нови стандардни оперативни процедури за мобилни тимови и зголемување на ресурсите за засолниште управувано од невладини организации за жртви на трговија со луѓе. Доделени се пари за фондот за компензација на жртвите, формирана е комисија за судење на случаи и воспоставена е група составена од преживеани за давање препораки за напорите против трговијата со луѓе“, сe наведува во извештајот.

    Во него се додава дека се осудени помалку трговци со луѓе, а Обвинителство за организиран криминал и корупција немало доволно ресурси за да ги реши сите случаи.

    Во извештајот се наведува дека Владата не издвоила пари за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, како и дека не е обезбедена специјализирана помош за машките жртви, но немало ниту долгорочни услуги за поддршка за сите жртви.

    Во делот на препораките е наведено дека е потребно да бидат издвоени доволно пари за заштита на жртвите и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви, а потребно е и да се дадат доволно ресурси на полицијата и обвинителите за проактивно истражување на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите.

    Освен тоа, се препорачува да се зголемат напорите за проактивно идентификување на жртвите на трговија со луѓе, вклучувајќи ги лицата во комерцијален секс, мигрантите, бегалците и другите популации изложени на ризик.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica