7.1 C
Vinica
сабота, февруари 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Над 400 младинци од осум земји ќе учествуваат на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“

    Тринаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 26 септември до 1 октомври во Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Утревечер, фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм неодамна ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Локарно. Влазниците за отварањето на фестивалот се бесплатни.

    Во наредните шест дена Скопје ќе биде домаќин на 400 учесници од Македонија, како и 30-ина младинци од Италија, Швајцарија, Данска, Романија, Србија, Косово и Црна Гора. Младите учесници од другите земји ќе бидат сместени во фамилиите на нивните врсници од Скопје. Сите учесници на фестивалот го сочинуваат жирито поделено во три категории според возраста: јуниори (од 10 до 14 години), кадети (од 14 до 16 години) и сениори (од 17 до 19 години). Сите проекции на филмови, работилници и содржини наменети за младите учесници на фестивалот се целосно бесплатни.

    Младите автори Бојан Василев и Беса Туша од Скопје, ќе ги презентираат своите кратки филмови и ќе дискутираат за креативноста, но и за креативното творење како мотивација.

    Во рамките на Creative You(th) Talks конференцијата ќе бидат претставени млади автори и иницијативи и ќе се дискутира за теми кои ја засегаат младата генерација.

    Младите документаристи од последната генерација на „Докуникулци“ ќе ги прикажат трите нивни кратки документарни филмови кои ги направија ова лето во рамките на филмската школа на „МакеДокс“ и ќе дискутираат су учеџниците.

    На презентацијата на UWC (United World Colleges) ќе биде презентирана можноста средношкочците да го завршат средното образование на едно од 18-те училишта во разни земји во светот и како и добивање на една од 10 стипендии за средношколци од целата држава кои македонскиот комитет на UWC ги доделува.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica