13.2 C
Vinica
недела, септември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Фото-вест) Полицијата легитимира минувачи со слушалки во Аеродром

    Полицијата денеска на пешачки премини во општина Аеродром запираше пешаци кои носеа слушалки додека преминуваат улица. Со ова практично започна примената на измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Според новите правила, пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети не треба да носат слушалки во двете уши или да гледаат во мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои го намалуваат вниманието во сообраќајот.

    Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека измените се воведени за да се зголеми безбедноста на најранливите категории учесници и да се намали бројот на незгоди предизвикани од невнимателно однесување.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica