13.2 C
Vinica
недела, септември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Од денеска нема одење или возење со слушалки на уши или мобилен телефон

    Пешаците кои минуваат преку пешачки премин, велосипедската патека или лента, возачите на велосипеди, мотоцикли и тротинети од денеска нема да смеат да носат слушалки во двете уши, да гледаат во мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред со кој би им се намалило вниманието додека одат или возат. Од денеска започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што ги предвидува овие новини.

    Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека законските измени се усвоени за да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот.

    „Ова подразбира поставување нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, при што, пешаците, велосипедистети, возачите на електрични тротинети и останатите учесници во сообраќајот предвидени со законското решение, се обврзуваат да учествуваат во сообраќајот без да користат електронски уреди кои им го одвлекуваат вниманието“, посочуваат од Советот и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат новите правила.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica