Пејачката Теа Трајковска е млада и талентирана македонска уметница која се истакнува со својот уникатен стил и вокални способности. Теа е позната и по своите чести трансформации на изгледот, што ја прави интересна и динамична личност во јавниот живот.
Теа на инстаграм сподели неколку фотограии каде присуствуваше на свадба, а фустанот што го носи е вистински избор за вечерен излез – едноставен, но со многу елегантен впечаток. Црната боја секогаш носи доза на класика и софистицираност, а тенките прерамки и кројот што нежно ја следи линијата на телото ѝ даваат женственост. Деталите – слоевитите ѓердани и алките – внесуваат модерен, урбан шмек и го разигруваат минималистичкиот фустан. Со нежната пунџа во розови тонови, Теа додава младешка свежина и индивидуален стил.

View this post on Instagram