6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Почна процес за заштита на македонскиот рубин

    Ќе се заштитува македонскиот рубин, геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува. Рубинот што се вади во Македонија е и естетски уникат, познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, која се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура.

    Тоа е единствен природен рубин во копнената Европа кој се обработува локално, заради што, покрај својата естетска и колекционерска вредност, е дел од културното и историското наследство на земјата.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост започнаа  институционален процес за заштита на рубинот за да се обезбеди официјален статус како заштитено национално минерално наследство. На средбата со министерката Сања Божиновска и претставници од сите институции присуствуваше и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко, кој ја пренесе историјата и значењето на секој примерок изработен со овој исклучителен камен.
    „Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува
    институционална заштита и признавање како национално богатство. Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата природна гордост“, рече Божиновска.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica