Mayya е талентирана личност во полето на музиката, чие име се поврзува со посветеност и страст кон својата работа. Нејзиниот пат и достигнувањата се доказ дека со труд и визија може да се постигне многу, без разлика на предизвиците. Mayya го освои првото место на анкетата на Екран.мк за најслушана песна минатиот месец. Денес имаме чест да разговараме со неа за нејзините искуства, мотиви и планови за иднината, како и за сите моменти кои ја обликувале нејзината кариера и живот.
1. Како би се опишале себеси во неколку реченици?
-Хаха, тешко е себе да се опишеш, поготово кога ги искажуваш позитивните страни, без голема скромност, јас сум човек од збор, најважно во денот ми е се да ми е оргнизирано и по план. Позитивна сум и дружељубива, отворена сум секогаш за нови предизвици во секоја област , имам преголеми амбиции на многу полиња , а најбитно од сѐ, јас сум голем емпат.
2. Кој беше вашиот прв поттик да започнете со ова што го работите денес?
-Поддршката што ја добивав од моите родители, во текот на целиот живот, во секоја област, ме поттикна на многу чекори во животот не само на мојата професија денес.
3. Што ве инспирира во секојдневието?
-Искрено, секое утро, кога ќе станам, сум најсреќна што сум здрава, и што можам да си ги исполнам моите планови во текот на целиот ден. Најголемата инспирација ми ја дава способноста што ја носам. Верувам во себе и инспирирана сум од сама себе.

4. Дали имате мото или реченица што ве води низживотот?
Да, речениците што постојано ми се вртат во глава: “тоа што е твое, никој ама баш никој не може да ти го земе!” и “живеј денес со полна пареа, утре не знаеш каде ќе бидеш!”
5. Кој момент од вашата кариера досега го сметате занајзначаен?
-Благодарна сум на секоја пружена шанса што сум ја имала во животот, да бидам тоа што сум денес, иако сѐ што сум постигнала до сега ми е само голем поттик јас да продолжам што повеќе да работам и се надоградувам себе. Така што многу моменти се значајни и секој од нив си има своја тежина.
6. Со какви предизвици се соочивте на почетокот и какоги надминавте?
– Предизвици, сопки имав премногу. Тоа е неминовно, но за да се поминат мораш да бидеш полн со самодоверба и да знаеш што правиш, во тој случај, шансите да потпаднеш се мали дури и непостоечки.
7. Кој проект или дело ви е најдраго и зошто?
– Мојата прва песна, “Simple Rule”, е мојот најдраг проект, посебно ми е драга заради тоа што голем дел имав во подготовката. А да имаш готов продукт од твојата замисла е неописливо чувство. Така што се надевам дека во иднина само ќе го полнам списокот на драги проекти!
8. Како изгледа еден ваш креативен ден?
-Можам да кажам дека секој ден ми е креативен ден. Не поминува ден да не “вмешам” мојата креативност, во сѐ.

9. Кои луѓе најмногу влијаеле врз вас и вашиот пат?
– Моите родители, благодарение на нив сум тука каде што сум.
10. Кои се вашите хобија и како ви помагаат да серелаксирате?
– Да читам книга или да влезам во мојот автомобил и цела ноќ да се возам дур слушам музика.