6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Виталиа ја најави најголемата Детска трка досега

    Со голема возбуда и задоволство, Виталиа го најави третото издание на традиционалната Детска трка, која ќе се одржи на 21 септември. Оваа година малите тркачи ќе имаат можност да се чувствуваат како вистински професионални атлети, бидејќи Детската трка ќе се одржи на атлетската патека на стадионот „Тодор Проески” во Скопје.

    Повеќе од 1.500 деца и родители минатата година го наполнија Градскиот парк и направија фантастична атмосфера за втората по ред Детска трка. А овојпат, Виталиа најавува уште подобра организација и уште повеќе забава за присутните.

    И оваа година, пријавувањето на тркачи ќе се одвива по електронски пат на следниот линк https://vitalia.trki.mk/mk/events/vitalia-detska-trka

    Детската трка е одлично место за најмалите да ги направат првите чекори во спортот и атлетските дисциплини, но и место каде што ќе можат да ги тестираат своите можности помеѓу своите врсници и другарчиња. Затоа, Виталиа ги повикува децата и нивните родители да го посетат настанот и да учествуваат во забавните активности кои се предвидени пред и по самата трка. 

    Настанот ќе биде исполнет со различни интерактивни активности и предизвици кои ќе ги мотивираат најмладите да ги истражуваат своите способности и да го прифатат спортот како дел од нивниот секојдневен живот.

    Од сигналот за почеток на трката па се’ до целта, Детската трка на Виталиа е местото каде што детскиот ентузијазам, возбудата и радоста се на прво место. Во оваа трка, сите се победници кои учат здрави навики и создаваат спомени кои траат цел живот.

    Придружете ни се на овој настан и бидете дел од трката која ќе инспирира уште многу генерации во иднина!

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica