Заврши летниот трансфер-период, во кој англиската Премиер лига повторно беше главниот двигател. Трите најскапи трансфери (Александер Исак, Флориан Вирц и Хуго Екитике) ги реализираше Ливерпул, а осум од десетте најголеми зделки носеа „англиски потпис“.
Сепак, има многу фудбалери кои и по затворањето на летниот преоден рок во најсилните европски првенства сè уште се без клуб. Еве еден идеален состав од слободни играчи според „Мундо Депортиво“:
Голман – Висенте Гуаита (38 години)
Неговото име се споменуваше како засилување за Валенсија и Елче, откако му заврши договорот со Селта. Минатата сезона одигра 34 натпревари и осум пати ја сочува својата мрежа недопрена.
Десен бек – Рик Карсдорп (30 години)
Жозе Мурињо дури изјави дека ги „предал“ соиграчите со слабите партии во Рома. Последен клуб му беше ПСВ Ајндховен.