24.9 C
Vinica
вторник, август 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Лишен од слобода возач во Кичево, со возило удрил во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна починал

    На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.

    Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica