Денес (вторник 26 август) од запад над нашата Република Македонија ќе помине една облачна воздушна маса која може да донесе сосема слаб локален дожд. Веќе од утре среда(27 август) па до петок (29 август) ќе бидеме под влијание на топол бран од Африка кој ќе услови температурите да бидат значително повисоки и тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија тие локално ќе надминат и 35 степени.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така температурата ќе надмине 35 степени.
Веќе за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) ќе има развој на нестабилност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Температурите за време на викендот температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.
Метео прогноза на Славчо Попоски