24.9 C
Vinica
вторник, август 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

    Во текот на оваа работна недела во нашата Република Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и од ден на ден се потопло. Повремено ќе има појава на умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. До вторник (26 август) температурите преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 28/29 степени.

    Од среда (27 август) па во деновите потоа под влијание на топол бран од Африка, температурите ќе бележат тенденција на поголем пораст и максималните дневни температури во поголем дел од нашата Република Македонија ќе надминуваа 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие локално ќе надминат и 35 степени.

    Во Скопје и околината од среда (27 август) па во деновите потоа температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica