24.9 C
Vinica
вторник, август 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Словачкиот поет Иван Штрпка го прими „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата

    Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка е носителот на „Златен венец“ за 2025 година на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата. Тој признанието го прими вчера на Мостот на поезијата во Струга.

    На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на македонски јaзик на поетесата Јулијана Величковска за збирката „Рајсфершулс“ и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на Матеуш Шимчик од Полска за книгата „Потребни се извори“.

    Покрај добитниците на фестивалските признанија, на поетскиот митинг стихови читаа и поети од разни страни на светот, а поетска Струга по 64-ти пат блесна во сиот свој сјај.

    Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата. Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре во Кавадарци ќе биде промовирана панорама на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica