24.9 C
Vinica
вторник, август 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денес се празнува Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

    Светата маченичка и девица Сузана беше ќерка на презвитерот Гавиниј, којшто бил брат на папата Гај (283–296). Беше воспитана во верата Христова и уште од младоста му се заветува на Христа како девица.

    Римскиот цар Диоклецијан сакал да ја омажи за својот зет Максимин, но Сузана одлучно одбила, зашто веќе била „невеста Христова“. Заедно со неа на судот и страданието беа изведени и нејзиниот татко Гавиниј, мајка ѝ, како и сродниците: папата Гај, светиот маченик Клавдиј со синовите Александар и Куириниј и други.

    Сите тие поради верата во Христа беа мачени и убиени во времето на Диоклецијановото гонење на христијаните. Сузана беше отсечена со меч во својот дом, кој подоцна беше претворен во храм што и денес постои во Рим („Santa Susanna“).

    Светата Црква ги слави како храбри исповедници на Христовото име и девици-мученици што со својата крв сведочеа за верата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica