Светиот апостол Матиј бил избран од апостолите на местото на Јуда Искариот, пред празникот Педесетница. Роден е во Витлеем, и од младоста бил воспитуван во Законот Божји. Се вбројува меѓу седумдесетте апостоли на Христос, а по Вознесението бил избран со ждрепка за да стане еден од Дванаесеттемина апостоли.
Проповедал во Јудеја, Кападокија и Етиопија. На многу места ги просветувал незнабожците со Евангелието и извршил многу чуда со силата Христова. Поради неговата ревносна проповед и разобличување на идолопоклонството, бил измачуван и на крајот убиен маченички.
Светата Црква го празнува неговиот спомен на 22 август (4 септември по нов стил).