6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Навивачи на Сантос влегоа на тренинг по срамниот пораз од Васко Де Гама

    Големи, огромни проблеми има тимот на Сантос, и големата звезда Нејмар. По доживеаниот срам и поразот од Васко Де Гама од 0:6, ситуацијата во клубот е страшна, а се знае како ќе реагираат и навивачите на овој легендарен бразилски состав.

    Дојдоа на тренинг да се соочат очи во очи со играчите и со големиот Нејмар. Нему му напишаа порака која што треба да ги допре сите и да се свестат всушност кој дрес го носат, ако досега не им е јасно.

    Тие го замолија Нејмар да даде повеќе од себе на теренот: „Ти си ѕвездата на овој тим, ти си најдобриот играч на планетата. Ако плачеш, замисли ги и другите. Ако се тепаш со навивач, ќе биде полошо за сите.“ – напишаа навивачите.

    Нејмар беше првиот што критикуваше откако го напушти теренот во солзи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica