6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) Вкусно и исплатливо – Дали ви останал бајат леб? Искористете го за да направите вкусна пица во ресторански стил

    Кога ви се јаде пица, а немате време да направите тесто – бајатиот леб е совршено решение. Со малку доматен сос, сирење и вашите омилени додатоци, имате брза, крцкава и сочна верзија на пица за десет минути.
    Ова е идеален „резервен“ план кога нема многу состојки во фрижидерот, но сепак сакате да јадете нешто топло и вкусно. Откако ќе пробате пица направена од бајат леб, секогаш ќе ја користите за овие цели.

    Состојки:
    400 г бајат леб од пченка
    1 чаша млеко
    2 јајца
    200 г парче бело сирење
    200 г шунка од мисирка
    2 лажици сол
    ½ лажичка бибер
    3 лажици маслиново масло
    1 главичка црвен кромид
    2 свежи пиперки
    200 мл излупени домати
    босилек
    Подготовка:
    Исечете го лебот на помали парчиња и потопете го во млеко за да омекне. Изматете ги јајцата во сад, додадете сол и бибер, додадете го натопениот леб и дел од ренданото сирење и соединете сè. Направете основа од подготвената смеса и прелијте ја со доматен сос. Наредете ги парчињата кромид, шунка, сирење, свежа пиперка и сирење. Прелијте со маслиново масло и печете во рерна на 250 степени околу 20 минути.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica