24.9 C
Vinica
вторник, август 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во Нови Сад блокирана зградата на судот, се бара укинување на притворот на уапсените на протестите

    Граѓаните на Нови Сад и денеска продолжуваат да ја блокираат зградата на судот и да бараат укинување на притворот за сите успсени од простестите. Блокадата веќе втор ден почнува во шест часот наутро и трае до крајот на работното време.

    Студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад изјавија дека за одлучуваат за овој чекор за да издејствуваат, укинување на притворот за, како што велат, сите политички затвореници. Како што јавува Нова, тие од утрово ги блокираат сите влезови во судската зграда, а полициската единица за интервенции е сместена во дворот на зградата во близина на официјалниот влез, кој е затворен.

    За време на вчерашната блокада на оваа зграда беа приведени покраинскиот претставник на Движењето на слободни граѓани Радивоје Јововиќ и активистката Исидора Челекетиќ. Тие се осомничени за наводно попречување на службено лице во вршење на службена должност и ќе бидат приведени до 48 часа.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica