Вкусни, но не печени!
Состојки:
100 г сусам
150 г мед
100 г чоколадо
120 г путер
200 г мелени бисквити
100 г сечкани ореви
Подготовка:
Печете го сусамот во сув тавче, мешајќи постојано за да не загори. Штом почне да добива златна боја, тргнете го од оган. Потоа ставете го путерот, медот и чоколадото во тавчето. Растопете ги на ниска температура додека сè убаво не се соедини.
Одделно исечкајте ги оревите. Ставете ги сусамот и оревите во сад, истурете ја смесата од путер и чоколадо, измешајте и на крај додадете мелени бисквити. Добро измешајте.
Покријте го калапот со хартија за печење и истурете ја смесата.
Израмнете и ставете во фрижидер најмалку 3-4 часа, или во замрзнувач 30 минути.
Покријте со чоколадо по желба и кога ќе се стврдне, исечете на парчиња.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube