6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Над 320 жртви во Пакистан поради обилните дождови

    Бројот на жртвите од поплавите во Пакистан се искачи на најмалку 320 лица во последните 48 часа, соопшти денеска Националната агенција за управување со катастрофи.

    Најголемиот број на загинати, 307 луѓе, се регистрирани во Кибер Пахтунхва. Деветмина загинале во пакистанскиот дел на Кашмир, а уште петмина во северниот регион Гилгит-Балтистан. Повеќето жртви настрадале во надојдени води и во уривање на куќи, пишува Гардијан.

    Метеоролошката служба издаде ново предупредување за обилни дождови со апел до граѓаните да преземат мерки на претпазливост.

    Според спасувачката служба околу 2.000 спасувачи се ангажирани во извлекување на телата и во операции за помош на населението во девет окрузи.

    „Обилните врнежи, свлечиштата и разурнатите патишта создаваат огромни проблеми за доставување помош, особено за транспорт на тешка механизација и амбулантни возила,“ изјави портпаролот на спасувачката агенција, Билал Ахмед Фаизи.

    Тој додаде дека поради блокираните патишта, екипите во многу случаи мора да се движат пеш до оддалечените региони.

    „Се обидуваме да ги евакуираме преживеаните, но малкумина сакаат да се преселат бидејќи нивни роднини или блиски сè уште се заглавени во урнатините,“ рече Фаизи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica