13.4 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Пожарот во Јасен не стивнува

    Пожарот во Повеќенаменското подрачје Јасен се уште е активен. Таму веќе неколку дена гори мешана шума, информираат од Центарот за управување со кризи.
    Во последните 24 часа во земјава имало вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 14 се веќе изгаснати, а пожарот во Општината Кичево, кај селата Челопеци и Миокази, каде гори мешана шума е под контрола.
    Пожарот на територијата на Јасен е активен веќе три дена, а започна неколку километри после капијата за влез од скопската страна. Во гаснењето учествуваатвработени од Јасен кои гаселе од земја, но заради исклучително тешкиот терен, добија помош од два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и два полициски хеликолтери, бидејќи теренските услови не дозволуваа употреба на специјалните возила на ДЗС.

    Во текот на вчерашниот ден, делувањето на полициските хеликоптери беше намалено поради силниот ветар, а од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека кон пожарот се упатени и два ер трактори, како и три пинцгауер возила и 25 припадници на МВР.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica