4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Визер“ најавува нова рута од Скопје до Келн

    Унгарската авиокомпанија „Wizz Air“ ја најави новата директна рута што ќе ги поврзува Скопје и Келн. Билетите се веќе достапни на официјалната веб-страница wizzair.com и преку мобилната апликација „WIZZ“, по почетна цена од 1.619 денари за еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси.

    Со ова проширување, авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид. Компанијата најави дека со зголемувањето на поврзаноста и достапноста на авионскиот транспорт, ќе придонесе и за развојот на туризмот и економијата на земјата.

    „Горди сме што ја прошируваме нашата мрежа од Скопје со новата рута до Келн, веднаш по најавата за пет други возбудливи дестинации. Со уште подостапни и поудобни можности за патување, нашето сè поголемо присуство во Северна Македонија ја одразува нашата долгорочна посветеност на регионот и мисијата да го направиме патувањето достапно за повеќе луѓе од кога било досега.“ изјави Андраш Радо, директор за комуникации во „Wizz Air“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica