4.3 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поднесено обвинение за таткото што при семејно насилство ја малтретираше својата четиригодишна ќерка

    Според новото соопштение на ОЈО Скопје, Јавен обвинител целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Обвинетиот, А.Ѓ. (28), на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна четиригодишна ќерка родена во 2021 година.

    Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди.

    Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие.

    Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

    Споре објави на социјалните мрежи од страна на мајката да малолетната жртва, дознавме дека ова не е првпат обвинетиот да врши семејно насилство врз детето. Беа објавени фотографии од жртвата и детето како и порано биле уште полошо малтретирани.

    Дополнително мајката на жртвата неколку пати порано била пријавувана како исчезната од обвинетиот кога наводно пробувала да избега со своите деца од дома, но за жал секогаш морала да се врати таму.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica