4.3 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Уставниот суд укина одредби од Методологијата за Пописот спроведен во 2021 година

    Според денешното соопштение од уставниот суд, во предметот кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година, дека Уставниот суд со мнозинство гласови укина неколку одредби.

    Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на уставен поредок – владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот.

    Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт.

    Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

    Според податоците од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика, речиси 37 отсто од изградените станови во Северна Македонија се ненаселени. На ниво на држава изградени се околу 840.000 станови, а од нив 307.000 се празни.

    Споредено по број, најмногу ненаселени станови има во Скопје, речиси 60.000, што процентуално земено изнесува близу 28 отсто од вкупниот број на станови. Гледано по општини, најголем број на ненаселени станови има во Охрид, 17.800, што е повеќе од бројот на населени станови (15.840) во овој туристички центар. Слична е состојбата во Кичево, каде има скоро 13.000 ненаселени станови, а населени се 11.880.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica