4.3 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Слаб екосистем за социјално претприемништво во Македонија, потребни се итни реформи

    Екосистемот за социјално претприемништво во Македонија доби оценка 2 – едвај доволно од „Барометарот за социјално претприемништво“, истражување што беше презентирано на тркалезната маса „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“ во организација на Младинскиот сојуз Крушево.

    Целта на истражувањето е да се утврди дали градовите во Македонија, Србија и Бугарија се поддржувачки екосистеми за социјално претприемништво за младите луѓе.

    Барометарот на социјалното претприемништво објавен покажува дека отпорноста на екосистемот нема да зависи само од нови фондови или законски измени, туку од квалитетот на колективниот напор, како чинителите делат моќ, ги усогласуваат интересите и иновираат преку институционални граници.

    „Истражувањето го работевме повеќе од 2 години, се работеше во 3 земји, Србија, Македонија и Бугарија. За Македонија првичен план беше да го го работиме борометарот на социјално претприемништвпо во Скопје, но поради недостаток на податоци решивме да го правиме на ниво на цела Македонија. Го меревме барометарот на социјално претприемништво од причина што треба да се процени каква е состојбата, и колку е поволно да се отвара социјално претпријатие“, изјави за Мета.мк Анелија Митрова, оперативен координатор во младинскиот сојуз.

    Таа посочи дека има 4 столба по кои го правеле мерењто и тоа се Квалитет на живот, Човечки капитал, Системи за поддршка и финансирање, и Пристап до капитал, а генералната оценка што ја даваат е 2 од 5.

    „За да се подобри ситацијата треба најпрво да се стигне до податоци, на локално ниво да се знае со колку луѓе расополагаме, потоа за финансирање и за пристап до капитал треба точно да се знае кој поддржува социјално претприемништво, дополнително мора да знаеме кои се системите на поддршка, немаме закон, не знаеме дали тој закон ќе донесе подобрување или ќе го ограничи системот на разој. Моја препорака е да се стремиме кон податоци, за да се направи овој барометар беше тешко да се стигне до потребните податоци. Треба да се соработува, да се гради систем за поддршка во кој ќе функционираме и да се фокусираме на градење капацитети за младите претприемачи“, додава Анелија.

    Во заклучокот на истражувањето се напоменува дека акцентот не треба да биде само на иновации во производи или услуги, туку на институционална и политичка иновација: развивање на механизми за вклучување на маргинализирани групи, учење преку учество, адаптивно експериментирање, и локализирано менторство.

    Особено е потенцирана потребата од доверба и заедничка одговорност, бидејќи голем дел од социјалните претприемачи работат во услови на историска институционална нестабилност и зависност од донаторски средства. Затоа, потребна е долгорочна посветеност од државата, донаторите и приватниот сектор за изградба на стабилна финансиска, регулаторна и институционална инфраструктура.

    „Ниту еден чинител не може сам да предизвика системска промена. Само преку континуирана соработка меѓу социјалните претпријатија, институциите, финансиерите и посредниците, може да се изгради отпорен екосистем“, се наведува во извештајот.

    „Барометар за социјално претприемништво“ треба служи за развој на поддржувачки екосистеми за социјално претприемништво за младите луѓе. Активностите вклучуваат истражување, развој и тестирање на новата рамка за проценка (барометар), обука за младински работници и млади луѓе и настани за дисеминација – меѓународни конференции и локални тркалезни маси.

    Настанот е дел од проектот „Барометар на социјалното претприемништво“, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Еразмус+ програмата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica