11.4 C
Vinica
среда, ноември 4, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Закани за бомба во ист ден за седум авиони што летале во Италија, Шпанија, Полска и Бугарија

    Седум патнички авиони ширум Европа, од кои два што полетаа од Обединетото Кралство, беа подложени на проверки по серија закани за поставени бомби. Два лета на „Рајанер“ од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави. Сепак, експлозиви не беа пронајдени, изјавија за Би-Би-Си извори од аеродромот „Фјумичино“ во Рим.

    Летот од Даблин беше придружуван од италијанските воздухопловни сили сè до слетувањето. Властите извршија проверки и на авиони во Полска, Шпанија и Бугарија.

    Иако официјално нема поврзаност меѓу овие случаи, надлежните органи од различни земји ќе соработуваат за да утврдат дали станува збор за координиран напад, чија цел е да го наруши одвивањето на воздушниот сообраќај. Владата на Обединетото Кралство ги опиша инцидентите како злонамерни лажни закани.

    Во соопштението се наведува дека земјата поседува еден од најсигурните системи за безбедност во воздухопловството во светот, со добро тестирани процедури за справување со какви било потенцијални закани, вклучително и злонамерни лажни закани. Експертот за безбедност во воздухопловството, Пол Мејсон, изјави дека заканите за бомби во патнички авиони не се случуваат толку често, што ги прави последниве инциденти невообичаени.

    „Се чини дека заканите биле упатени на веродостоен начин кон широк спектар на авиокомпании“, изјави Мејсон за „Би-Би-Си Радио 5 Лајв“. „Тоа за мене сугерира дека станува збор за многу смислен чин од страна на одреден сторител, а не за низа случајни, злонамерни повици.“
    Тој додаде дека постојат бројни процедури што екипажот во авионот и персоналот на земјата мора да ги спроведат за да ја потврдат веродостојноста на заканата.

    Шпанските власти соопштија дека во авион што слетал во Мурсија, во јужна Шпанија – лет на „Рајанер“ кој доаѓал од Манчестер – исто така не бил пронајден експлозив. Една патничка подоцна изјавила дека воопшто не знаела за заканата со бомба сè додека авионот не слетал.

    Засегнати биле и два лета кон Варшава, вклучително и еден од лондонскиот аеродром „Хитроу“. Летот од „Хитроу“ првично требало да слета на главниот аеродром во полската престолнина, „Шопен“, но бил пренасочен кон помалиот аеродром „Модлин“, што довело до негово привремено затворање. Лет на „Скандинавијан ерлајнс“ од Копенхаген кон аеродромот „Шопен“ во Варшава слетал според планираното.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.