8.8 C
Vinica
четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Собирање на нелегално оружје во Србија: Во арсеналот и нагазни мини и рачни фрлачи

    Граѓаните на Белград, Нови Сад, Крагуевац и Сремска Митровица најмногу одговорија на доброволното предавање на нелегалното оружје во Србија во текот на три недели, пропорционално на бројот на жители.

    Според податоците на Службата за сузбивање на криминал при Управата за криминалистичка полиција, до петокот навечер биле предадени 36.265 парчиња оружје, 9.943 мини-експлозивни направи и 1.817.190 парчиња муниција, а акцијата ги надминала сите претходни, пишува денеска Политика.

    Меѓу другото, граѓаните предале систем за наведување противоклопни ракети „маљутка“, а еден граѓанин предаде направа на која беа закачени 4,6 килограми високоразорен експлозив.

    Граѓаните донеле и наполнети ракетни фрлачи „Зоља“, нагазни мини, бомби, противвоздушна муниција, автоматски пушки „Калашников“, „Шмајсер“, познати од Втората светска војна, примероци од оружје од Првата светска војна, па дури и кубура од 1847 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.