3.5 C
Vinica
сабота, ноември 23, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Од некогашните 65.000 вработени во текстилната индустрија останаа 28.000: Се откажуваат нарачки

    Влошената економска состојба во Германија засега не ги засега нашите текстилни компании, кои главно се лон-производители на германски компании. Она што ги мачи нашите производители е недостигот на работна сила. Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, кој е и сопственик на светиниколската „Мода“, вели дека сите текстилни компании имаат работа, а некои и откажуваат нарачки затоа што нема кој да ги сработи.

    Мојот партнер, странска компанија, ми побара 6.000 парчиња облека, но јас го одбив затоа што за наведениот временски рок, со работниците што ги имам не можам да му испорачам ни 5.000 парчиња. Тој ја пренасочи нарачката во Бангладеш. Многу европски компании веќе го селат производството таму и поради цената на работната сила. Ним веќе нашата цена им е висока – вели Димитров.

    Тој вели дека во Македонија во моментов има 28.000 вработени, за разлика од некогашните 65.000.

    – Производството во најголем дел е иселено во Индија, Бангладеш… Проблем со работната сила имаат и другите околни земји што сè уште нешто работат во текстилната индустрија. Работи и Бугарија, но има голем увоз на работници од Виетнам. Ако нашата држава наскоро не го реши прашањето со увоз на работници, оваа гранка ќе исчезне – вели Димитров.

    Тој вели дека работната сила во текстилната индустрија старее, сè повеќе работници заминуваат во пензија, а кај младите нема интерес.
    Намалувањето на економската моќ во Германија, вели Димитров, може да се почувствува во нашата текстилна индустрија од октомври.

    – Кај нас состојбите од Германија се пресликуваат со задоцнување од некои 6 месеци. Ние во лето шиеме за зима, и веќе имаме склучено договори. Ако има пад на економија во Германија тоа ќе го почувствуваме со новите договори од октомври – појаснува Димитров.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.