15.9 C
Vinica
среда, мај 21, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

    Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога загинаа 62 лица.

    Министерот на средбата вети дека ќе има правда за случајот и се извини што во моментот не може да ги сподели сите детали од истрагата.

    „Не можам да ги соопштам сите детали, но за месец и пол ќе можам, ветувам. Правда за овој случај мора да има. Ако сакаме да имаме нормална држава, овие деца не треба никогаш да бидат заборавени,“ рече Тошковски.

    Тој истакна дека го разбира гневот и недовербата на граѓаните, додавајќи дека на случајот работат 11 обвинители и дека досега се идентификувани 70 осомничени.

    „Ве разбирам дека имате огромен гнев, и немате доверба, и јас немам доверба, верувајте ми и јас сум гневен, и јас сум немал доверба, и мојата душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски. Тој ги уверуваше членовите на семејствата дека истрагата нема никого да поштеди за кој што има докази.

    „И да ми верувате на зборот, истрагата не е завршена, колку и ова да звучи несвојствено, разликата за она што го правеле до сега е огромна, сега 11 обвинители деноноќно работат на предметот. Неспоредливо е она што се случувало претходно со она што се случува сега“, кажа Тошковски.

    Новинарите беа пуштени на средбата по барање на родителите на починатите, но по дваесет минути беа замолени да ја напуштат просторијата за министерот да продолжи со приватен разговор со семејствата.

    Во исто време, во Собранието се одвива расправа по предлогот на пратеничката група на партијата Левица за интерпелација на министерот Панче Тошковски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica