Четири лица загинаа, а 19 се повредени во масовен напад со руски беспилотни летала во петокот навечер во градот Дњепар, југоисточна Украина, изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак.
„Сега е познато дека непријателот насочил повеќе од 20 дронови кон градот“, напиша Лисак на Телеграм. „Повеќето од нив се соборени.“
Фотографии и видеа објавени на интернет прикажуваат пламен и големи облаци чад што се издигнуваат кон небото. Некои снимки покажуваат разрушена внатрешност на зграда, тешко оштетени горни катови на висококатница и улици покриени со скршено стакло и градежен материјал.