Делчево пред нешто повеќе од 2 недели се соочи со катастрофа од невидени размери кога беше зафатено од силно невреме. Поплавени беа над 60 куќи, а големи штети имаше и во трговски објекти. Градот прогласи и елементарна непогода.
Тогаш Ковачевски не ги посети делчевчани. Денеска, кога градот е речиси целосно стабилизиран, тој заедно со министри ќе отвора нов пазар во градот.
Според најавите, ќе се продаваат овошје и зеленчук и друг вид стока и производи од текстил и облека.
Новиот градски пазар располага со 18 дуќани, 192 продажни пунктови, како и 4 санитарни јазли.