29.2 C
Vinica
вторник, септември 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Премиерот на Србија, Мацут денеска на вонредна седница ќе предложи распуштање на Собранието

    Владата на Србија денес ќе одржи вонредна седница, по што премиерот, Ѓуро Мацут, ќе се обрати на јавноста со предлог за распуштање на српскиот Парламент, јавува агенцијата Танјуг и посочува дека информацијата е потврдена од Владата. Предлогот за распуштање на Собранието е постапка што мора да се заврши пред распишување на избори.

    Според неофицијални информации од српските медиуми, владини претставници го најавуваат 25 октомври како датум на изборите.

    Главниот комитет на Српската напредна партија (СНС) одлучи дека актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, ќе биде носител на листата на Единствена Србија на следните парламентарни избори и дека тој ќе биде кандидат за премиер на Србија, доколку таа листа победи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.