3.7 C
Vinica
петок, ноември 22, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Условни казни за Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот ослободен

    Судот ги прогласи за виновни поранешните директори на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми и ги осуди на условин казни затвор од година и пол ако во рок од три години не сторат ново кривично дело.

    Докторот Бобан Вучевски е ослободен од обвинение. Ова е епилогот од судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Бесими и Етеми се товареа за тешки дела против општата сигурност, или како што образложи судијата Јордан Велковски, затоа што иако имале обврска, не обезбедиле противпожарни апарати во самата модуларна болница.

    -Иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии и друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожар и противпожарен апарат, на денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово па се до денот на настанување на пожарот во модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар. Биле должни и можеле да бидат свесни дека може да настапи штетна последица.

     

     

    Екс директорот на болницата Бесими, како што рече, не разбрал зошто доби осудителна пресуда. Ќе се жали пред повисоките судови.

    -Не ми е јасно како ме поврзуваат со модуларната болница кога самите бевте присутни и од самите докази се гледа дека не сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека сим обвинет за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците.

    Ослободителната пресуда за докторот Вучевски на кој му се судеше бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби иако тоа било забрането, беше пречекана со аплауз пред тетовскиот основен суд. Им се заблагодари на сите кои го поддржаа.

    -Ослободителна пресуда за мене. Голема благодарност за сите пријатели, кои не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим, кој ме поддржуваше и ми даде сила да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас.

    Тетовската болница треба да плати милион денари, а семејствата на загинатите во трагедијата отштета ќе можат да побараат во граѓански спорови. Пожарот во модуларната болница се случи вечерта на 8 септември 2021. 12 Ковид пациебти и двајца роднини загинаа како резултат на изгореници и задушување. Извештајот на крим-техничари покажа дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.