-0.2 C
Vinica
недела, декември 22, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Еве колку пари треба да искеширате за патарини пред да го видите морето

    Сезоната на годишни одмори е пред нас, а кога се тргнува на пат со автомобил, еден од неизбежните трошоци се патарините. Најчестите летни дестинации се Грција, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, па затоа ви ги пренесуваме цените за користење на автопатиштата.

    Патарините на домашен терен може да се плаќаат со платежни и електронски картички, но и во готово. Доколку се плаќа во готово, поевтино е да се плати во денари отколку во евра, ова секако поважно е за оние кои транзитираат низ земјава – домашните веќе го знаат.  Од граничниот премин Прешево-Табановце меѓу Србија и Македонија, до граничниот премин меѓу Македонија и Грција Гевгелија-Евзони има вкупно пет наплатни пунктови. Цената е вкупно седум евра во еден правец.

    Наплатна станица Романовце, цената е 1 евро или 60 денари,

    Наплатна станица Сопот (Велес), цената е 1,5 евро или 80 денари,

    Наплатна станица Градско, цената е 1 евро или 60 денари,

    Наплатна станица Демир Капија, цената е 1,5 евро или 80 денари,

    Наплатна станица Гевгелија, цената е 2 евра или 100 денари.

     

    ГРЦИЈА

    Патарината во Грција може да се плати во готово во евра или со кредитна картичка. Во зависност од дестинацијата што ќе ја изберете, има повеќе или помалку наплатни станици, а со тоа и сумата што ќе ја платите. Детални ценовници можете да најдете на порталите на компаниите кои наплаќаат за услугата. Станува збор за компаниите Агеан автопат, Атики Одос, Игнација Одос со 14 наплатни станици, Кентрики Одос, Мореас Одос со шест наплатни станици, Неа Одос, Олимпија Одос.
    Grčka, Tiganija, Halkidiki

    ХРВАТСКА

    Патарините во Хрватска се плаќаат во готово во евра или со платежни картички. Во Хрватска, исто така, има неколку оператори кои управуваат со автопатиштата: Хрватски патишта, што кон себе ги припои и АРЗ – компанијата „Аутоцеста Риека – Загреб“, потоа БИНА (наплаќа патарина во Истра) и АЗМ (Загреб – Мацељ).

    Повеќето автопати во Хрватска имаат затворен систем за наплата, каде што се зема картичка при влез на автопат, додека патарината се плаќа на патарина при излез од автопатот.

    Загреб до наплатна станцица Задар запад – 16 евра

    Загреб до наплатно место Задар исток – 16,5 евра.

    Загреб до наплатна станцица Шибеник – 20,10 евра.

    Загреб до наплатно место Риека – 9,2 евра.

    ЦРНА ГОРА

    Патарините во Црна Гора се плаќаат во готово во евра или платежни картички.

    Поминување низ тунелот Созин – 2,5 евра

    3,5 евра на делницата Смоковац-Матешево

    Деталите се на веб-страницата на Монтепут.

    БУГАРИЈА

    На автопатите во Бугарија потребно е да се има вињета која се продава со рок на важност за викенд, недела, месец, квартал и година. Може да се купат во електронска форма, на веб-страницата bgtoll.bg, но и на редовните продажни места.

    Цена на вињета:

    Една недела – 13 лева (6,65 евра)

    Еден месец – 27 лева (13,8 евра)

    Винета за викенд – 9 лева (4,6 евра).

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.