12.8 C
Vinica
сабота, април 4, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ден за историја во Охрид: Нема да дозволиме да не изненадат, посакуваме ракометен сепктакл

    ГРК Охрид денеска (18 часот) во салата „Билјанини Извори“ го пречекува Олимпијакос во реванш мечот од 1/4 финалето во ЕХФ Европската лига. Македонскиот тим е на чекор до нова историја, ќе има за задача ја одбрани позитивата од пет гола од првиот меч и да се пласира во полуфиналето во ова натпреварување.

    „Имавме тешко патување и натпревар во Атина. Се вративме со неколку повредени играчи кои мораше да бидат поштедени. Се подготвуваме максимално. Средбата сигурно нема да биде лесна. Нè очекува тежок натпревар, Олимпијакос е искусна и квалитетна екипа со добри играчи кои ќе се обидат да променат и да изненадат. Сигурно нема да се откажат од пласманот. Се надевам дека сите ќе одиграме добар натпревар, ја повикувам публиката да не поддржи и да биде ракометен спектакл. Се надевам ќе го исполниме зацртаното. Мора да останеме сплотени, да се фокусираме на натпреварот и да направиме историски успех за нашиот клуб“, изјави Ојлески.

    Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Олимпијакос ќе биде директно пренесуван на МРТ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica