11.9 C
Vinica
сабота, април 11, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Праизведба на „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска во Театар Комедија

    Претставата „Кој сум јас?“ на Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, ќе ја има својата премиера в петок на 27 март, во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. „Кој сум јас?“ е 55. премиера на Театар Комедија, а првата премиера беше во 2012 година.

    Во претставата играат: Благој Веселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, Ева Скендеровска, Матеа Јанковска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Ана Грамосли и Мина Јелушиќ. Сценографијата е на Војдан Запров, костимографијата – на Сара Милевска. За сценските движења е задолжена Ирена Лозинска. Видеодизајнер и фотограф е Емил Петров, а светло дизајнер – Милчо Александров. За изборот на музика е задолжен Александар Јорданов.

    Претпремиерата на претставата е на 26 март во 20 часот.

    предалеку, таа почнува да се распаѓа. Телото издава, а маската почнува да попушта. Преку ритам и телесна комичност, се разголува механизмот на лагата. И токму затоа, сè е смешно. Бидејќи кога вистината станува апсурдна, единствениот начин да се издржи е преку смеа. Секој има причина да биде тоа што не е. Во таа игра на идентитети, ситуациите стануваат неочекувано тензични, брзи и смешни. Хуморот е жив, понекогаш апсурден, понекогаш болен, но секогаш препознатлив – пишува Трајковска.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica