Едноставно, топло и неодоливо вкусно – јадење кое ве враќа во вашето детство и мирисите од кујната на вашата баба. Печурките подготвени во глинена тава го задржуваат целосниот вкус на зеленчукот, а со додавање на путер и сирење, добиваат богата и кремаста текстура која плени со првиот залак.
Состојки:
300 г печурки
2 зелени пиперки
1 домат
путер
сол
чедар сирење
црвена пиперка во прав
Подготовка:
Ставете ги исецканите печурки, пиперките и доматите во глинена тава. Додадете сол и парчиња путер, а потоа печете во загреана рерна на 180 степени. Кога зеленчукот ќе омекне, наросете го со рендано чедар сирење. Додадете малку црвена пиперка во прав и вратете ги во рерна да се печат додека не поруменат.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/novosti