8.7 C
Vinica
сабота, март 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПОСНА РЕФОРМ ТОРТА ЗА МЛАДЕНЦИ: Торта што ќе ги направи воодушеви сите што ќе ја пробаат

    Посната реформ торта за младенци е вистинско изненадување за сите оние кои сакаат слатки, богата е со јаткасти плодови, мед и чоколадо и тешко е да се одолее.
    Ако сакате да ги воодушевите гостите на овој празник, пробајте ја оваа верзија што е без маснотии, но полна и богата со вкус.
    Комбинацијата од медени кори, мелени ореви и чоколадо ѝ дава посебна арома и длабочина на вкус, додека филот ја прави тортата сочна и има пријатна текстура.
    Состојки:
    За корите:
    200 г мед
    150 г шеќер
    300 мл вода
    250 г брашно
    200 г мелени ореви
    1 лажичка сода бикарбона
    малку цимет
    За филот:
    350 г мелени ореви
    300 г шеќер
    1 ванилин шеќер
    100 мл вода
    150 г посно темно чоколадо
    300 г посен маргарин
    За декорација:
    мелени ореви или рендано чоколадо

    Подготовка:
    Прво, загрејте го медот, шеќерот и водата во тенџере додека не се соединат. Во друг сад, измешајте ги сувите состојки, брашното, оревите, содата бикарбона и циметот, потоа додадете ги во топлата смеса и добро измешајте.
    Добиената маса истурете ја во плех покриен со хартија за печење и печете околу 20 минути на 175 степени. Кога кората ќе се испече и излади, поделете ја на три еднакви дела.
    За филот, загрејте ја водата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не зоврие, потоа тргнете од оган и додадете ги оревите и чоколадото. Мешајте додека сè не се растопи и соедини.
    Одделно, матете го маргаринот додека не стане пенаст, а потоа додадете го во изладениот фил и се убаво изматете.
    На крајот, наизменично наредете ги корите и филот, а целата торта прелијте ја со остатокот од филот. Декорирајте ја со јаткасти плодови или чоколадо по желба.
    Пред сервирање, оставете ја тортата да отстои барем еден ден за да омекне и да го развие својот полн вкус.

    Фото: Принтскрин/YouTube/Minjina Kuhinjica

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica