10.6 C
Vinica
четврток, март 19, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Публиката од регионот избра: Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц доаѓа и во домашните кина

    Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц, добитник на наградата на Јадранската мрежа на фестивали, во кината низ целиот регион.

    Филмот  ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград.

    Филмот претставува силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите. „Малдорор“ е првиот дел од планираната трилогија на Фабрис ди Велц за темната страна на белгиската историја, моќта и правдата. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

    „Малдорор“ е трилер инспириран од вистински настани од Белгија во средината на деведесеттите години. Приказната започнува кога две девојчиња исчезнуваат, а младиот и импулсивен полициски регрут Пол Шартие е распореден во тајна единица наречена „Малдорор“, формирана за да следи опасен сексуален престапник. Кога операцијата не успева, разочаран од ограничувањата на правниот систем, Шартие се впушта во соло потрага решен да ги пронајде и изведе сторителите пред лицето на правда.

    Критичарите особено го нагласија интензитетот и атмосферата на филмот. Порталот „Screen Daily“ наведува дека „Малдорор“ наликува на епските приказни за злосторства и казна што ја карактеризираа американската кинематографија во седумдесеттите години, особено филмовите на Сидни Лумет, додека ди Велц ги претвора вистинските настани во сложена и повеќеслојна приказна за полицаец чија потрага по правда доаѓа во конфликт со сите блиски до него. Растечката тензија, моралните дилеми и личните последици го прават овој филм моќен и возбудлив трилер.

    Според порталот Cineuropa, „Малдорор“ е амбициозна и повеќеслојна филмска фреска за Белгија во деведесеттите години – за нејзините институционални дисфункции и колективни трауми, но и за разгранетата природа на злото. Во овој филм, ди Велц се свртува кон полицискиот жанр, носејќи ја публиката во срцето на сицилијанската заедница во Шарлроа во средината на деведесеттите години, во приказна инспирирана од случајот на Марк Дитру.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica