Ако сакате традиционални босански туфахии овој рецепт за Туфахија колач донесува слични вкусови на едноставен колач на редови…
ПОТРЕБНО Е:
4 јаболка со средна големина
4 лажици шеќер
ванилин шеќер
БИСКВИТ:
3 јајца
6 лажици шеќер
9 лажици масло
9 лажици млеко
13 лажици брашно
прашок за пециво
ФИЛ СО ОРЕВИ:
200 г мелени ореви
10 лажици млеко
3 лажици мед

ФИЛ ОД ВАНИЛА:
2 пудинзи од ванила
5 лажици шеќер
500 мл млеко
400 мл шлаг
ДЕКОРАЦИЈА:
шлаг
мелени ореви
Подготовка:
Подготовка на јаболките: излупете ги и исечете на тенки кришки. Додајте 4 лажици шеќер и добро измешајте за да јаболките пуштат сок.
Подгответе тава со димензии 20 х 30 сантиметри и обложете ја со хартија за печење.
На дното на тавата рамномењрно распоредете ги подготвените јаболки.
Подготовка на бисквитот: Во соодветен сад ставете 3 јајца со 6 лажици шеќери матете додека смесата не стане светла и пенеста. Додајте 9 лажици млеко и 9 лажици масло, па кусо измешајте. Вмешајте 13 лажици брашно измешани со прашокот за пециво. Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз јаболките.

Печење на колачот: ставете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25 минути, односно додека бисквитот не добие златна боја и не биде испечен.
Превртување на колачот: после печењето извадете го колачот од рерната. Внимателно извадете го од тавата и вратете го повторно во тавата -но превртен така што бисквитот ќе дојде долу, а јаболките горе. Извадете ја хартијата за печење.
Подготовка на филот со ореви: Во сад ставете 200 г крупно мелени ореви, 10 лажици млеко и 3 лажици мед. Се’ добро измешајте додека не добиете хомогена смеса која рамномерно ќе ја распоредите врз јаболките.
Подготовка на кремот: во сад подгответе пудинг од ванила со 500 мл млеко, 5 лажици шеќер и 2 кесички пудинг од ванила. Сварете го пудингот и оставете да се излади, покријте со прозирна фолија да не се фати коричка. Потоа пудингот убаво изматете го за да остане мазен. Додајте 400 мл изматена слатка павлака и лесно соединете со кремот.

Завршен слој: Подготвениот крем рамномерно нанесете го брз оревите.
Колачот префрлете го во фрижидер убаво да се излади. Потоа украсете со матена слатка павлака и малку ореви.
Фото: Принтскрин/YouTube