Првата самостојна изложба на Марјан Скрижевски со наслов „Љубов“ ќе биде отворена на 19.03.2026 (четврток), во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во 19 часот.

Се што знае за фотографијата има научено самостојно преку читање на интернет, гледање видеа на јутјуб и најмногу преку учење од сопствени искуства додека фотографирал.


На изложбата ќе бидат претставени цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.