Денеска по улиците во централното градско подрачје во Кочани, се одржа втората по ред хуманитарната трка „Rotary Run“ во организација на Ротари клубот Кочани-Виница.
Над 270 учесници, трчаа на 5 и 10 километри, а годинава имаше и фамилијарна трка, на 2,5 км.
Стартот на трката беше пред ЦК „Бели Мугри“, по булеварот „Тодосија Паунов“, улиците „Никола Карев“, „Маршал Тито“ и „Кеј на револуцијата“.
Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во трите категории плакета и парични награди.