„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар. И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директорот. Сега основано се поставува прашањето – Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран“, прашуваат од Синдикатот на културата на Република Македонија.
Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината.! Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.
Министерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.
А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат. По нив мора да се постапува, министре. И тука не се декларира никаква политика како што велите, туку судска одлука министре!“, се наведува во објавата на Синдикатот на културата на Република Македонија.