12.2 C
Vinica
среда, март 11, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Премиера на претставата „Мачкина глава“ во Драмски театар

    Во Драмски театар денеска се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски.

    „Мачкина глава“ е драмски текст на проф. д-р Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Тој е автор на 35 книги од најразлични жанрови, а неговите драмски текстови по кои се работени претстави се играат пред преполни салони. Освен десетиците книжевни домашни и меѓународни награди, добитник е и на наградата на ЕУРОДРАМ ̶ за најдобри драми во Европа.

    Режисерот Пројковски кажа дека текстот е интересен и податлив за работа: „Тој нуди одлична матрица за градење на ликовите во претставата“. Режисерот очекува одлична претстава која ќе биде резултат на нивните средби, размена на енергии и светогледи. „Форматот на текстот има широчина во светската и домашната политика и промовира вредности.“

    Режисерот Дејан Пројковски и авторот Венко Андоновски, кои имаат работено, сериозни продукции зад себе, токму во Драмскиот театар ја изразија големата доверба кон актерите и уметничкиот тим со кој ќе ја работат претставата. Андоновски во обраќањето кон актерите изјави: „Знам дека можете сѐ. Како автор, тука сум со вас и ќе бидам дел од процесот“. Навраќајќи се на драмскиот текст за кој смета дека е податлив за работа, појасни дека станува збор за текст кој се движи по опасната линија да западне во политизација на релација Исток ̶ Запад, а ние сме како тампон-зона која треба да се определи, а изборот не е нешто голем.

    Во уметничкиот дел од тимот што ја подготвува премиерата на претставата „Мачкина глава“, режисерот ќе соработува со сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска, а музиката во претставата е на Горан Трајкоски. Инспициент во претставата е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска.

    Ликовите во претставата „Мачкина глава“ и актерска екипа се: Спиридон – Рубенс Муратовски, Марија – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѕвездан – Филип Трајковиќ, Симон – Александар Степанулески, Сара – Сара Климоска, Џорџ – Игор Ангелов, Мериен – Сања Арсовска, Штерјо – Златко Митрески и Панзо – Предраг Павловски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica